Екипата на РК Вардар ги запали погоните за новата, тешка и долга сезона. Подготовките започнаа, екипата е во полн состав, а управата знае како треба, како може и кои играчи да ги доведе како засилувања.
Вардар во новата сезона ќе настапи на четири фронта, секако најважно е учеството во Лигата на шампионите и за таа цел тимот е засилен со пет врвни европски ракометари со кои целта е пласман на фајналфор турнирот следната година.
Имињата како Македа, Деревен, Манасков, Циндриќ и Марсениќ влеваат надеж дека заедно со староседелците можат да го одведат тимот до толкупосакуваниот завршен турнир во Келн, нешто што за влакно им бегаше во последните две години.
За та цел директорот на РК Вардар Давор Стојаноски денеска ги презентираше петте нови засилувања. Секако сите посакуваат и со сето срце и душа ќе се борат за големи дострели, а се отиде и дотаму во изјавите дека Вардар на секое од четирите натпреварувања (Лига на шампиони, Домашното првенство, Купот на Македонија и Регионалната СЕХА лига) ќе атакува на првото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.