| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто патуваме?

Патуваме за да се изгубиме и потоа да се најдеме, да не останеме млади будали кои го успоруваат времето за да можат да се вљубат уште еднаш.

Кои демони не бркаат од удобноста, зошто со години одвојуваме од устата, за две недели да клошариме некаде далеку, кој ѓавол не тера по дожд на карпа, по снег на планина, по бура на едрилица, по ветер на кајак… Зошто?

Како за кого, но најверојатно постои некој универзален вирус, некоја искра која ја препознаваме и кај другите правоверни теми, политиката, забавите и површноста на своите ставови.

– Ние се чувствуваме живи кога сме надвор – номадски живот со некои мали работи во ранец. Се е можно на место на кое никогаш не сме биле, додека се предаваме на струите на Вселената. Ние сме хипнотизирани во секоја нова култура. Веруваме дека насмевките се универзални и дека без оглед кој јазик ги исполнува нашите уши, можеме да видиме туѓи приказни преку насмевка. Патуваме не само да се оди некаде, патуваме да се развиеме..,. вели блогерката Стефани Дандан.

Тоа се вид на луѓе со немирни нозе. Немаме премногу пари. Не купуваме работи кои не ни требаат и не дозволуваме предметите да не поседуваат. Патуваме среќни со едвај доволно, по цена на жртва.

Патот ни кажува дека нашата среќа е пропорционална со потешкотиите кои и претходат. Спиеме по подови на железнички станици, под шатори, со автохтони номади, евтини хостели, на влажна трева на градските паркови… Не будат кондуктери, намрштени цариници, пијани војници на пат за Владивосток, овчари со стада чија трева сме им ја налегнале, водени прскалки во централнитепаркови, гигантски комарци на песочни плажи, не будат случајни сопатници за да се поздрават и да ги поделат остатоците – по правило се будиме среќни.

Не дозволуваме пречките, неприликите и незгодите да ни го уништат денот. Нелагодното станува лагодно за нас. Ние сме патници – Скитници. Вид на луѓе со немирни нозе.

Патуваме за да се изгубиме и потоа да се најдеме, да не останеме млади будали кои го успоруваат времето за да можат да се вљубат уште еднаш, пишува Пико Лаер во есејот „Зошто патуваме“.

– Денес во мода е да се подвлече разлика меѓу турист и патник, можеби е тоа разлика меѓу тие кои своите стереотипи и претпоставки ги оставаат дома и тие кои тоа не го прават, истакнува Пико.

Блискост со природата и други народи. Се качуваме, скокаме, нуркаме, патуваме со отворени срца гладни за нови звуци, мириси, вкусови, нови улици, плоштади, езера, планини, залези, гладни за ново и недоживеано.

Патуваме за да се откажеме од мислите дека нашите лични трагедии и приказни се важен дел од некоја ноќ, значајни разговори. Не да го задушиме своето его, туку да го најдеме и помалку патетично за да се зајакнеме и подобриме себеси. За да даваме и примаме, да оставиме спомени за себе, а доживувањата да ги споделиме.

Американската Јапонка Харука Сакагучи вели: – Јас знам по што ми копнее душата, не за пауза или бегство, ниту за чувство на припадност или длабока вистина за човечко искуство. Она за што мојата душа копнее е слично на тоа за кое копнееле прогонуваните народи, за време, мир, обична сталоженост и благодарност која произлегува од блискоста со природата и другите народи…

Патуваме за да бидеме среќни сами, а во група на поврзани луѓе. Е, да, ова што го живееме е генерална проба – тоа е тоа.

„Слободна Далмација“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top