| четврток, 6 декември 2018 |

Девет начини да се расоните без кафе

Иако поголем број од нас сметаат дека кафето е најдобар начин за будење наутро, не е баш така. Постојат голем број други намирници и активности што можете да ги практикувате за да се расоните колку што е можно побрзо.

1. Јаболко
Јаболкото е одличен начин за да го наполните телото со енергија од рано наутро. Ова овошје содржи природен шеќер, фруктоза и помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. И бананите и портокалите го имаат истиот ефект врз организмот. Овошјето наутро комбинирајте го со протеини, на пример јогурт.

2. Утрински тренинг
Станувањето од кревет и заминувањето на трчање можеби е последната работа што сакате да ја направите наутро, но верувајте дека нема подобар начин за расонување.

3. Излезете на сонце и на свеж воздух
Доколку не сте за утринско вежбање, тогаш за вас е прошетка. Свежиот воздух и сонцето го намалува стресот и го поправа расположението.

4. Истуширајте се со студена вода
Да, тешко , но ќе се навикнете со време ако туширањето со студена вода го претворите во навика. Моментната промена на температурата може да ве ослободи од стрес и да ве расони за секунда. Ако ви е лоша, или премногу студена идеја, обидете се за почеток наутро да го миете лицето со студена вода. Ќе го доживеете истиот антистрес-ефект.

5. Испијте чаша студена вода
Ако туширањето и миењето на лицето со студена вода не ви звучат како добра идеја, обидете се за почеток на денот да испиете една чаша студена вода. Исто како и со туширањето, ова го крева адреналинот на телоти и ја носи крвта право во мозокот.

6. Заменете го кафето со чај
Ако уживате во ритуалот пиење на нешто топло секое утро, обидете се кафето да го замените со чај. И тој содржи кофеин, но во многу мали количини, но истовремено го чува имунитетот и го намалува крвниот притисок.

7. Разговарајте со мајка ви
Наутро може да ве наполни со енергија и разговор со некоја личност што ја сметате за блиска. Можеби мајка ви е најдобар избор. Освен тоа што ќе ве сослуша и истрпи наутро кога сте ненаспани, истражувањата покажуваат дека разговорот со мајките го намалува и стресот.

8. Измасирајте се
Едно истражување покажало дека кратката и блага масажа може да ве наполни со енергија наутро. Доволни се три минути.

9. Направете си утринска листа со омилените песни
Направете со своја утринска плејлиста и слушајте ја додека се спремате за на работа. Ќе направи да се чувствувате разиграно и расположено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top