| четврток, 6 декември 2018 |

Турчин бара македонско државјанство за да биде погребан во Штип

Oсумдесет и петгодишниот Караман Четин од Истанбул, Турција, по долги години деновиве повторно се врати во родниот Штип. Годините му натежнале, па како што вели сега негова единствена желба е да го погребаат во земјата каде што се родил, пренесува локалната штипска телевизија „Ирис“.

Од Штип заминал 1957 година, македонскиот јазик го подзаборавил, но и пријателите. Сега со нивна, но и со помош на медиумите, сака да извади македонско државјанство. Вели младите не можат да ја разберат неговата желба, но каменот си тежи каде му е местото.

Со себе во Истанбул овој 85 годишен старец понел убави спомени од градот под Исарот. Се уште се сеќава на детските игри, на улицата и пријателите со кои израснал, како и за моментите кога им носел храна и вода на партизаните.

Четин е еден од околу шесте милиони граѓани, кои во педесетите и шеесетите години од минатиот век се иселиле од државата и сега живеат во Турција. Најмногу македонски семејства има во Маниса, Бурса, Измир и Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top