| четврток, 6 декември 2018 |

Ги тера на оргии: Турчин води бизарен култ, а неговите главни жртви се најубавите девојки во Турција

Турската јавност деновиве е преокупирана со приказната за контроверзниот Аднан Октар (62) познат и под псевдонимот Харун Јахја, инаку водач на еден од најозлогласените култови во Турција. За него се знае дека редовно е опкружен со десетици прекрасни жени на кои, како што тврдат многумина, им го испрал мозокот.

Октар е инаку турски писател, ексцентричен и влијателен телевизиски проповедник, кој теолошките расправи редовно ги „засладува“ со гостување на атрактивни, млади следбенички. Според медиумите, жените кои се во негово друштво, секогаш мора да бидат облечени според неговите упатства, по последна мода и со беспрекорна шминка. Тезата што тој сака да ја проповеда е дека жените се создадени за да бидат убави и сакани.

Седиштето на неговиот култ е во луксузна вила на три ката,на еден од најубавите делови на Босфор. Се разбира, него, девојките и имото ги чуваат вооружени набилдани телохранители.

Се верува дека во неговото движење има околу 300 лица, при што најголемиот број се млади и привлечни девојки, кои тој ги нарекува „маченца“. Култот го следат и неколку момчиња, кои се во малцинство.

Некои од девојките што го напуштиле култот тврдат дека биле принудувани да учествуваат во оргии, а кога му рекле на Октар дека сакаат да си одат дома, тој, наводно, ги уценувал со снимките од оргиите и се заканувал дека јавно ќе ги дискредитира.

Сите девојки во култот мора да му се обраќаат со „господару“, но оние што успеале да избегаат го нарекуваат „обична свиња“.

Октар го основал култот во 80-тите години на минатиот век, кога водел жестоки расправи против еволуцијата и комунизмот, проповедајќи исламски креационизам. Во 2008 година тој е осуден на три години затвор заради создавање илегална организација со цел да извлече лична корист, а на судењето било докажано дека тајно снимал сексуални односи со своите следбеници и тие снимки ги користел за да ги уценува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top