Што се однесува за постапката за добивање работна дозвола таа започнува со иницијатива на работодавецот од Канада кој ја обезбедува формалната понуда за работа, заверена од страна на кандаската Берза на трудот.
Врз основа на пријавата која ќе ја поднесе работодавецот, берзата ја испитува основаноста и можноста за запослување на домашен работник (канадски државјанин и странски жители) за барана работа.
Таа проверка, односно истражување на пазарот на трудот во Канада, трае неколку недели. Во случај работодавецот да ги исполнува условите за вработување на стански работник, имигрантот добива потврда за работа во Канада од берзата. Со таа потврда и личните документи работникот конкурира за работна виза (преку 90% од луѓето кој бараат добиваат). После три години странскиот работник во Канада, се стекнува со право за апликација за државјанство.
Притоа се полага испит за познавање на земјата, кој е прилично едноставен. Канада секогаш е во врвот на земји чии жители имаат највисок животен стандард, благодарејќи на бенифициите како што се: бесплатно здравство, пријателски расположени жители, стабилност… Ако сте еден од оние на кои Канада им е сон, откријте ги советите на Бизнис инсајдер за стекнување со канадско државјанство низ следните чекори:
1.Морате да имате барем 18 години, а малолетниците можат да дојдат до државјанство единствено ако нивните родители или посвоители имаат дозвола за постојан престој.
2.Морате да имате вештини кои се бараат и добивате брз влез – Канада има забрзан систем за имиграција “експресен влез”. Сите кандидати кои влегуваат во овој программораат да остварат конкретни резултати за одредени работи, што ќе ги рангира во однос на останатите кандидати. Оние кои се на врвот на листата ќе бидат повикани за постојан престој.
3.Потребна ви е постојана адреса – постојат неколку начини да станете граѓанин на Канада. Можете да се пријавите во покраината која е по ваш избор, да добиете помош од некој член од семејството кој живее во Канада или да престојувате во Квебек кој има посебни барања за миграција. Постојаните жители имаат право на здравствено осигурување, работна дозвола, студирање и патување ширум земјата, но не можат да гласаат, да водат некоја канцеларија и да работат државни работи.
4.Шест години на истата адреса – тоа е услов за стекнување на статус на канадски државјанин
5.Редовното поддавање на даночен образец е вашата најважна должност – поточно, четири од шест години морате тоа да го направите, со цел канадските власти да стекнат впечаток за легалноста на вашата работа.
6.Научете барем еден од службените јазици – било да одберете англиски или француски. Не морате да бидете совршен говорник, но е потребно да имате основно познавање кое потоа се тестира во постапката за стекнување со државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.