| четврток, 6 декември 2018 |

Татјана ја пронашле мртва во автомобилот на турски бизнисмен: Ибрахим нудел пари за да не се истражува нејзината смрт

Деветнасет годишната Русинка Татјана годинава заминала во Турција за да работи како медицинска сестра, а таму го запознала бизнисменот Ибрахим Ј. со кого започнале врска. По неколку месеци забавување, нејзиниот живот прерано завршил, а таа пред околу десетина дена била пронајдена мртва во автомобилот на нејзиното момче.

Татјана умрела под неразјаснети околности – далеку од својот дом. Парот претходно бил на краток излет во турските планини, известува рускиот весник “Комсомолска правда”, повикувајќи се на исказите на нејзините родители.

Ибрахим тврди дека на Татјана и се слошило по нивното враќање во Истанбул, и дека умрела во несреќен случај, но нејзините родители не му веруваат, бидејќи телото и било прекриено со модринки.

Тие укажуваат и на сомнителното однесување на Ибрахим, кој наводно им понудил голем паричен надомест за да не истражуваат како умрела нивната ќерка. Родителите, меѓутоа, побарале истрага и уверени се дека нивната ќерка е убиена.

Како што Татјана им кажала на родителите, единственото нешто што ја уништувало оваа врска, биле родителите на Ибрахим, кои биле против неа. Се претпоставува дека проблем била верата.

Турската полиција отворила истрага, а рускиот Генерален конзулат во Истанбул ја потврдил смртта на девојката.

– Причината за смртта нема да ја коментираме се додека не добиеме комплетни резултати од истрагата на турските органи, рекол портпаролот на полицијата, а пренесува новинската агенција „RIA“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top