Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, денеска изјави дека Еден Азар минатата сезона прикажа многу повеќе од неговиот сонародник и добитник на Златната топка Кристијано Роналдо.
Белгиецот беше еден од најзаслужните за освојување на титулата во Премиер лигата и прогласен за најдобар играч во првенството.
– Азар минатата сезона беше подобар од Роналдо, иако и мојот сонародник беше фантастичен. Кристијано постигна многу голови, но од моја гледна точка, секој фудбалер мора да разбере дека најважната работа се трофеите, изјави Мурињо за „Скај Спорт“.
Трофејниот тренер додаде дека Азар често пати беше цел на остри стартови, но дека тие не го спречија да ги одигра сите натпревари во Премиер лигата.
Азар минатата сезона одигра 52 натпревари и постигна 19 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.