Прилеп ќе добие современ транспортен центар со обновата на Железничката станица и нејзиното поврзување со новата автобуска што беше пуштена во употреба пред една година, изјави градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристевски.
Реконструкцијата на прилепската Железничка станица е дел од проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија по железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д.
– Со реализацијата на овој проект Железничката станица ќе стане подостапна за сите граѓани што користат железнички сообраќај – изјави Ристевски.
Покрај во Прилеп, комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. Инвестицијата изнесува 2,2 милиони евра.
Проектот е на Министерството за транспорт и за врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците. Според најавите, целосно ќе бидат заменети покривите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети. Комплетно ќе се смени водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и за ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт. Ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност.
Во тек се активности за обнова и на Железничката станица во Скопје, за што инвестицијата е 2,9 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исчезнато 21 – годишно момче од Прилеп
-
Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид
-
Летале шишиња и тупаници, масовна тепачка среде бел ден во центарот на Прилеп
-
Нехигиената стана атракција во Прилеп: Дали странски туристи со кофи ловат жаби во прилепските фонтани? (галерија)