| четврток, 6 декември 2018 |

Летна диета со овошје

Во летото значително ја намалуваме употребата на тешките храни. За да ни е некако полесно на желудникот, најдобро е да нагласуваме на плодовите. Видете една 5-дневна диета со овошје.

ovosje za topenje kilogrami

Овошните диети се најпосакувани за летото, бидејќи помагаат на телото да се чисти од токсините, а притоа ќе намалите некој килограм. Во овошните диети најчесто се исклучуваат само банани и грозје, бидејќи се доста калорични. Потоа натаму нема никакви ограничувања.

Може барем еднаш на ден да јадете некој протеин – бела риба или бело пилешко месо. Тоа само во случај дека не можете да издржите само на овошје. Ние ви ја нудиме полесната варијанта на овошна диета. Постојат 4 оброка на ден, се разбира, се пие многу вода и овошни сокови.

Во прилог на исхраната препорачуваме кардио вежби 3-4 пати неделно барем по 1 час .

Ден 1

Појадок: 1/2 диња, 1/2 чаша јогурт со ниска масленост

Ручек: 500 грама овошна салата со прелив од јогурт и мед

Ужина: 50 гр сурови ореви

Вечера: 3 јаболка, 1 чаша јогурт со мед

Ден 2

Појадок: Овесни снегулки со јогурт и овошје

Ручек: 150 гр филети од бела риба, 1 јаболко за десерт

Ужина: 50 гр суво овошје

Вечера: 5 праски/кајсии, 1 цеден сок од портокал, 50 гр ореви

Ден 3

Појадок: 1 јаболко

Ручек: 300 гр свежа салата (овошна или зеленчук) и 1 цеден сок

Ужина: 1 чаша нискомаслен урда со суво овошје

Вечера: 200 гр филети од бела риба, гарнирани со свеж зеленчук и 1 јаболко за десерт

Ден 4

Појадок: 150 гр јагоди

Ручек: 200 гр филети од бела риба, 2 домати

Ужина: 1 чаша јогурт

Вечера: 400 гр свежо овошје по ваш избор

Ден 5

Појадок: 1 чаша урда со суво овошје

Ручек: 150 гр бело пилешко месо на скара, 1 јаболко за десерт

Ужина: 1 цеден сок од портокал

Вечера: Салата со свеж зеленчук, 100 гр цреши

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top