Диетата Дукан се состои 100 дозволени намирници. На списокот на Пјер Дукан на прво место се наоѓаат чисти протеини, а на нив се надоврзува зеленчукот. Францускиот нутриционист ги одбрал протеините како најсилно оружје поради следниве причини:
– Чистите протеини го намалуваат вкупниот број калории.
– За време на нивната потрошувачка, организмот вложува голем напор и троши голем број калории.
– Чистите протеини го намалуваат апетитот.
– Спречуваат надуеност и задржување на водата.
– Ја зголемуваат отпорноста на организмот.
– Овозможуваат слабеење без губење на мускулната маса и слабеење на тонусот на кожата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.