Вкупно 35,5 милиони евра ќе добие македонската влада од дивидендата од „Македонски телеком“ за 2012 година. Државава при продажбата на „Телеком“ задржа околу 38,7 проценти од акциите во оваа компанија.
Одлуката за исплата на дивиденда за 2012 година на денешната седница ја донесе собранието на „Македонски телеком“. Според неа, вкупно 5.646.607.282 денари или 91,8 милион евра изнесува делот од добивката наменет за дивиденда.
Дивидендата, според одлуката на собранието, ќе се исплати во периодот меѓу 17 и 30 април годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.