| четврток, 6 декември 2018 |

Израел ги декласираше македонските јуниори

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години продолжи со бледите претстави на Европското Првенство Б дивизија што се игра во Австрија.

Израел беше многу подобар противник и победи со убедливи 31 поен разлика, 94-63.Македонија на овој натпревар настапи без својот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ, па поразот беше неминовен. Нашите таленти ја добија само првата четвртина со 19-13, а потоа се беше во знакот на Израелците. Веќе во втората четвртина тие го свртеа резултатот во своја полза, а сите дилеми околу победникот беа решени во третиот период, што противникот го доби со 27-9, за на крајот разликата да ја мине и границата од 30 поени.

Најефикасен во нашиот табор беше Робев со 19 поениа, а Србиновски уфрли 15 поени. Макед9онија има 4 порази од 4 меча на ова ЕП.

Kosarka Makedonija Belorusija 14 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top