| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Скопје 1963 – пред и потоа“

Во рамки на одбележувањето на 52-годишнината од катастрофалниот замјотрес во Скопје, денеска, 26  јули во Музеј на град Скопје, во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

izlozba_skopje

Овој проект го разгледува односот на градот Скопје со катастрофалниот земјотрес од 1963 година, како однос на урбанистички и архитектонски состојби и дела, кои го одразувале општествениот дух во времето кога се реализирани. Скопје е град кој почнува по интензивно архитектонски да се развива во почетокот на ХХ век, такашто од крајот на дваесеттите години започнува поинтензивното градење.

Концептот на изложбата за прикажувањето на централното подрачје на Скопје, пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години е реализиран преку одбран материјал:

– фотографии, направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје;

– избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година.

Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.

Преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот растеж и развиток на градот кој, со катастрофалниот земјотрес, беше прекинат, а потоа, многу ентузијастички, продолжен во насока на модерниот концепт за град на иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top