Македонските кошаркари на возраст до 18 години загубија и од селекцијата на Република Ирска со 71-74 на Европското првенство Б дивизија што се игра во Австрија.
Поразот е неочекуван, ако се знае дека Република Ирска нема добар рејтинг во кошарката, но сепак јуниорите од оваа земја ги надиграа нашите таленти. неуспехот е уште посензационален по добрата игра на Македонија во првата четвртина и предноста од 31-21. Потоа следуваше вистински дебакл и негатива од 22 поени во следните два периоди од играта. Република Ирска влезе со предност од 12 поени разлика во финалната четвртина, а попусти беа деветте поени разлика за нас до крајот на мечот.
Македонија по три кола има три порази и е на последната позиција во д групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



