Петмина поранешни затвореници од американската база во Гвантанамо, поврзани со Ал Каеда, биле уапсени во Белгија, јави БТА.
Тие биле уапсени при кражба на приватна куќа. Едниот од нив е белгиски државјанин, против кого САД повеле обвинение за учество во раководството на „Исламска група на марокански борци“.
Уапсените биле во Гвантанамо од 2001 до 2005 година.
Вчера медиумите соопштија за уапсен во Брисел, во чиј телефон биле пронајдени снимки на отсечени глави, држени од маскирани борци. Приведениот е од сириско потекло, кој законски престојувал во Белгија од 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Затворениците во „Идризово“ предизвикале пожар и поплава за да не им ги земат телефоните
-
Белгија со голем пресврт ја победи Јапонија и се пласира во четвртфиналето!