Поголемиот дел од Хрватска од вчера е зафатена од големо невреме придружено со обилен дожд, грмотевици, силен ветар и град.
Голема количина дожд падна во Загреб и во Сплит, каде што дел од градските улици беа поплавени.
Температурата во Загреб за еден час се спуштила од 35 на 26 степени, а во Сплит од 31 на 25 степени, пренесуваат хрватските медиуми.
Утринава невреме имаше и во Макарска, додека во Шибеник паѓаше крупен град.
Силен дожд проследен со грмотевици паѓаше во Карловац, но не доведе до поголеми штети.
Температурата во Карловац за неколку минути падна од 34 на 26 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



