| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Хрватска (видео)

Поголемиот дел од Хрватска од вчера е зафатена од големо невреме придружено со обилен дожд, грмотевици, силен ветар и град.

hrvatska-nevreme

Голема количина дожд падна во Загреб и во Сплит, каде што дел од градските улици беа поплавени.

Температурата во Загреб за еден час се спуштила од 35 на 26 степени, а во Сплит од 31 на 25 степени, пренесуваат хрватските медиуми.

Утринава невреме имаше и во Макарска, додека во Шибеник паѓаше крупен град.

Силен дожд проследен со грмотевици паѓаше во Карловац, но не доведе до поголеми штети.

Температурата во Карловац за неколку минути падна од 34 на 26 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top