| четврток, 6 декември 2018 |

Јавно обвинителство: Продолжува истрагата за случувањата во кумановско Диво Насеље

­ Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во досегашното расветлување на настанот од 9 мај годинава, кој се случи кај кумановско Диво Насеље, прибра дел од доказите, соопшти денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија. ­

Javno Obvinitelstvo 2 (Custom)

 

– Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените што ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е почната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање докази во предметот. Собрано е криминалистичко ­ техничко вештачење на предметите и трагите собрани од самото место по извршениот увид, се вели во соопштението.

Надлежното обвинителство, се посочува, продолжува континуирано со преземање дејства и мерки со цел утврдување факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите.

Во тек е сослушување сведоци и осомничени во предметот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top