| четврток, 6 декември 2018 |

Како да препознаете зависник од слатко?

Една од најголемите зависности во исхраната, ако не и најголема, поголема дури и од солта е неконтролираното јадење слатко или познато како „бела смрт“.

Yagodny-desert-s-tvorozhnym-syrom

На маж со нормална тежина дневно му се потребни од 2500 до 3000 калории, на жена од 2000 до 2500.

Во 100 грама чоколадо во просек има 550 калории.

Во нормален оброк за ручек има од 700 до 1200 калории. Чоколадото би му дошло отприлика како половина ручек. И до тука е се во ред. Во ред , доколку не планирате да слабеете. Во спротивно имате голем проблем. Прво, поради тоа што слаткото задоволство калориски ќе ве чини половина ручек, цела вечера или два појадока. Но многу поважно е да знаете дека се дури не престанете со слаткото односно не го намалите на минимум, вие нема да ослабнете.

Како да препознаете зависник од слатко?

Зависникот од слатко на средина од својот оброк за ручек ќе помисли и ќе праша, што има слатко? Зависникот од шеќер кога оди на гости или на некој прием каде што се служи храна се насочува кон слатките. Најочигледен пример дека е некој зависник од слатко е кога во недостаток од слатки намирници во домот се насочува кон медот, измислува самиот разноразни рецепти со додаток на шеќер или во краен случај консумира чист бел шеќер!

Шеќерот го има во овошјето, зеленчукот, конзервираните производи, сувомеснатите производи, во лебот, мајонезот, кечапот, газираните напитоци, па дури и во цигарите.

Тешко дека ќе може да го исфрлите слаткото целосно од исхраната, но ако сте јаделе секојдневно сто или двесте грама чоколадо или некој друг сладок производ, обидете се да го намалите на минимум. За почеток количината сведете ја на еден ред од чоколадо. Помислете дека желбата полека се гаси после првата коцка, уживајте во благото полека, давајќи му време и можност на вашиот мозок да разбере дека сте внеле шеќер во организмот и конечно, намалувањето на слатките задоволства во исхраната е една мала жртва во вашата голема борба со килограмите.

Под претпоставка дека поминале десет до петнаесет денови од вашата цврста одлука да се справите со килограмите, наредните денови ќе бидат навистина тешки за вас. Намалувањето на слатките количини задоволства кои секојдневно ве правеле среќни за момент ќе го расипат вашето расположение. Но само за момент, бидејќи вашата насмевка ќе се врати откако ќе помислите на вашата крајна цел, а тоа е губење на повеќе килограми, балансирање на исхраната и траен влог во здравјето.

И буквално ќе се уверите во вашата правилна одлука за строгото намалување на слатките оброци, кога три до четири дена потоа, ќе се качите на вагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top