| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Ричардс има рецепт за одлична забава – сабота, на плажата Оревче

Македонската публика повторно ќе има можност да се забавува со познатиот лондонскиот диџеј и пионер на електромузиката, Еди Ричардсна 25 јули, на охридската плажа Оревче.

evil

Ричардс и е добро познат на македонската публика бидејќи уште пред десетина година често настапуваше во Скопје, но и во другите македонски градови. Тој е еден од основоположниците на хаус музиката, а со својот оригинален стил, е еден од првите диџеи кој уште од средината на 80-тите години е важна и препознатлива фигура на едно ново и културно движење.

Во улога на домашна поддршка ќе настапат диџеите Марјан Виторијоски, Димитри МК и Роботникс.

Журката стартува во 22 часот, а билетите во предпродажба по цена од 200 денари може да ги најдете во:

Скопје:

Излет кафе

Кафе Пабло

Кино Карпош

Кичево:

Клуб „Тунел“

Битола:

HouzBar

Охрид:

плажа „Оревче“

кафе бар „Шила“

Билетите на врата чинат 250 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top