Македонската публика повторно ќе има можност да се забавува со познатиот лондонскиот диџеј и пионер на електромузиката, Еди Ричардс, на 25 јули, на охридската плажа Оревче.
Ричардс и е добро познат на македонската публика бидејќи уште пред десетина година често настапуваше во Скопје, но и во другите македонски градови. Тој е еден од основоположниците на хаус музиката, а со својот оригинален стил, е еден од првите диџеи кој уште од средината на 80-тите години е важна и препознатлива фигура на едно ново и културно движење.
Во улога на домашна поддршка ќе настапат диџеите Марјан Виторијоски, Димитри МК и Роботникс.
Журката стартува во 22 часот, а билетите во предпродажба по цена од 200 денари може да ги најдете во:
Скопје:
Излет кафе
Кафе Пабло
Кино Карпош
Кичево:
Клуб „Тунел“
Битола:
HouzBar
Охрид:
плажа „Оревче“
кафе бар „Шила“
Билетите на врата чинат 250 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



