| четврток, 6 декември 2018 |

Распишани конкурси за државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“

Наградените поединци ќе добијат диплома и паричен износ, а секој член од наградената група или екипа, покрај дипломата, ќе добие и еднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета

Одборот за доделување на државните награди „Мајка Тереза“ и „23 Октомври“ распиша конкурс за доделување на наградите за 2013 година. Конкурсот ќе почне од 1, а ќе трае до 30 април годинава.

Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда, како што соопшти Министерството за култура, се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата, а може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

muzej na majka tereza 3

Наградените поединци ќе добијат диплома и паричен износ, а секој член од наградената група или екипа, покрај дипломата, ќе добие и еднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета. Паричниот износ на државната награда „Мајка Тереза“ изнесува пет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.

Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети,, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија. Паричниот износ изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top