| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите сакаат одмор од 33 дена

Во една анкета во Хрвтска, која ја спроведе порталот „Мој посао“, 62 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни со должината на годишниот одмор, кој во таа земја во просек изнесува 23,3 дена. Во анкетата спроведена кај 400 испитаници, една третина би сакале уште некој ден, а има и такви, четири отсто, кои сметаат дека годишниот одмор им трае предолго и тоа им ја намалува продуктивноста.

grcka plaza

Најмногу дена годишен одмор имаат вработените во институциите – дури 26,3 дена. Во големите фирми просечен годишен одмот е 24,8 дена, а во малите 20,6 дена. Вработените во приватните фирми имаат во просек по 21,6 дена.

Со бројот на денови најмалку се задоволни вработените во државните фирми каде што 43 отсто од нив би сакале да имаат повеќе денови и тоа во просек 33,3 дена, а моментно имаат 24,7 дена.

Годишниот одмор се користи двапати или повеќе во текот на годината, а дури 82 отсто од испитаниците оваа година ќе користат повеќекратно одмор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top