| четврток, 6 декември 2018 |

Недела на романски филм во Прилеп

Манифестацијата „Недела на романски филм“ почнува вечерва во Прилеп, во 20 часот, со филмот „Изгубена во транзиција“, а следната недела без пари љубителите на филмската уметност ќе можат да ги проследат современите романски комедии  „Приказни од златните времиња“, „Здраво како си“, „Полжави и луѓе“, „Свадба во Бесарабија“ и „Мечка“.

На отворањето вечерва во ЦК „Марко Цепенков“ ќе присуствуваат претставници од Кинотека на Македонија и директорот на Кинотека на Романија.

Центарот ја реализира „Недела на романскиот филм“ во соработка со Кинотека на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top