Oпозицискиот камп кој беше поставен пред Владата направил штета на системот за наводнување во висина од еден милион денари, информираат од Град Скопје.
– Стручните служби на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило” извршија и увид на терен на состојбата на средишното зеленило на булевар Илинден, како и на околното зеленило, при што е констатирано дека е целосно уништено, како и системот за наводнување на зеленилото (систем капка по капка). Штетата на системот за наводнување на зеленилото е во износ од околу милион денари и ќе се реконструира во наредниот период, стои во соопштението од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.