Димитар Грабул и Томислав Јотовски забележаа убедливи победи против ерменските репрезентативци Качатрјан и Аветисјан за сигурна победа на Македонија на стартот од натпреварите во Дејвис купот.Грабул го отвори мечот од третата Европска зона со триумф од 6-1,6-2 против Качатрјан, а потоа и Јотовски стави печат на македонскиот триумф со победа од 6-1, 6-0 против Аветисјан.
Македонија е носител во Ц групата и треба да ја надигра Норвешка, утре, за да се пласира во полуфиналето. Победа во таа фаза ни гарантира враќање во Втората Евроафриканска зона во реномираниот тениски куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.