| четврток, 6 декември 2018 |

Северина заплакала на сцена

Српскиот пејач Драган Којиќ – Ќеба синоќа одржа концерт на стадионот во Лозница, а на сцена му се придружи и неговата идна снаа, хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ (43).

Како што пренесува српски „Курир“, Северина не можела да ги сокрие емоциите. Додека Кеба пеел, Севе цело време стоела покрај сцената и разменувала бакнежи со нејзиното момче, 28-годишниот син на Кеба, Игор Којиќ.

Со нив била и сопругата на Кеба, Оља, но и голем број на телохранители кои не дозволувале никој да пријде до сцената. Кеба со Северина ја испеал песната „Срце куца име твоје“, а илјадници обожаватели нивната изведба ја проследиле со овации.

– Првпат сум на концерт на Кеба, жал ми е што не сум бил тука порано – изјавила Северина и својот иден свекор го бакнала во образ.

Тогаш на сцена се појавил и Игор и со Северина одиграле валцер. Пејачката била толку трогната од сето тоа и заплакала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top