| четврток, 6 декември 2018 |

50 Сент банкротира

Американскиот изведувач Кертис Џејмс Џексон Трети, попознат како раперот 50 Сент, во суд поднесе документ за заштита од доверителите согласно законот за банкротирање, пишува весникот „Волстрит журнал“.

Во документите поднесени во судот, активата и долговите на 50 Ceнт се проценуваат од 10 до 50 милиони долари. Музичарот го поднесува барањето за банкрот неколку дена откако судот го казни со 5 милиони долари во полза на жената чиишто интимни снимки без одобрение ги поставил на интернет, проследувајќи ги со свои коментари.

Омилените теми во творештвото на раперот се трговијата со дроги и насилството. Познат е и по тоа што преживеа ранување со девет куршуми во неуспешниот атентат врз него. 50 Cent, исто така, се испроба и на големиот екран, толкувајќи се самиот себеси во автобиографскиот филм од 2005 година под наслов „Збогати се или умри“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top