| четврток, 6 декември 2018 |

Челси го промовираше новиот голман Асмир Беговиќ

asmir begovic

Босанскиот голман Асмир Беговиќ е новата аквизиција на англискиот шампион Челси. Тој потпиша четиригодишен договор со клубот од „Стемфорд бриџ“ и најави дека не се чувствува како замена за Петр Чех, кој замина во Арсенал.

– Среќен сум што потпишав за Челси. Уживав во Стоук, но дојде време да се разделиме и ова ми е шанса за понатамошен развој. Доаѓам тука да ги покажам моите квалитети и не се чувствувам како замена за Чех. Ќе дадам сѐ од себе да се прикажам во вистинско светло – изјави Беговиќ веднаш по презентацијата на „Стенфорд Бриџ“.

Беговиќ е познат по тоа што успеа да биде стрелец за неговиот поранешен клуб Стоук успевајќи да постигне гол со шут од својот шеснаесетик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top