На фотографиите кои беа објавени неспоредно по нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ за време на комеморацијата по повод 20 години од масакрот во Сребреница се гледа дека човекот кој го нападнал бил акредитиран. Тој бил дел од обезбедувањето на настанот.
Група лица најпрво викале кон српскиотм премиер, потоа му упатиле псовки, а потоа почнале да го гаѓаат со шишиња и камења.
Полицијата уапси еден од напаѓачите на српската делегација, предводена од Вучиќ, јави сараевскиот „Дневни аваз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.