| четврток, 6 декември 2018 |

Политички оксиморон: бомбаш-преговарач?!

Еден од опо­зи­ци­ски­те ју­риш­ни­ци, пред­вод­ни­ци на Кан­вас во Ма­ке­до­ни­ја, не­о­дам­на на­пи­ша хим­на во кој го гло­ри­фи­ку­ва­ше ли­де­рот. Во епот за бом­ба­шот, не ште­деј­ќи епи­те­ти и хи­пер­бо­ли, тој ве­ли: „За­ев се над­ми­на се­бе­си!“ Тре­ба­ше ли, се­пак, хим­на­та да би­де нас­ло­ве­на: „За­ев го над­ми­на Ми­цо­та­кис“. Или Са­ма­рас? Или Ка­ра­ман­лис? Из­бе­ре­те са­ми­те...

Искус­тво­то ве­ли де­ка смис­ла­та на одре­де­ни ра­бо­ти се сфа­ќа ду­ри по одре­де­на вре­мен­ска ди­стан­ци­ја. Вре­ме­то ле­ку­ва, но и со­го­лу­ва мно­гу ра­бо­ти. Та­ка и на­мет­на­та­та кри­за во Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја кул­ми­ни­ра со акти­те од по­че­то­кот на дејс­тву­ва­ње­то на неј­зи­ни­от тво­рец. Кул­ми­на­ци­ја или ко­не­чен расп­лет? Вто­ро­то очиг­лед­но и де­фи­ни­тив­но „не“ ѝ од­го­ва­ра на опо­зи­ци­ја­та.

Пред точ­но ед­на го­ди­на, то­гаш сѐ уште но­ви­от ли­дер на опо­зи­ци­ја­та и та­зе ка­та­стро­фа­лен гу­бит­ник на пр­ви­те не­го­ви не­приз­на­е­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, бе­ше фа­тен ка­ко пеш (при „ау­ди“ од 80.000 евра) не­кол­ку­па­ти ја по­ми­нал грч­ка­та гра­ни­ца. Ме­ди­у­ми­те по­ста­ви­ја по­ве­ќе раз­лич­ни те­зи за цел­та на не­го­ви­те ми­сте­ри­оз­ни пе­шач­ки по­се­ти, па ли­де­рот ја ка­жа пр­ва­та го­ле­ма ла­га во ни­за. Из­ја­ви де­ка бил во по­се­та на збра­ти­ме­ни оп­шти­ни во Гр­ци­ја. Проб­ле­мот на­ста­на во мно­жи­на­та. Две од тие три оп­шти­ни збра­ти­ме­ни со Стру­ми­ца не по­сто­е­ја ве­ќе три-че­ти­ри го­ди­ни. Оста­ну­ва ед­на, ко­ја не мо­же да би­де „оп­шти­ни“. И та­ка поч­на бе­ско­неч­на­та се­ри­ја ла­ги, лап­су­си и са­мо­де­ман­ти­ра­ња. Ре­чи­си не по­сто­е­ше ин­терв­ју во кое ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та не на­ни­жу­ва­ше нов би­сер на кон­то­то. Во ју­ни 2014 го­ди­на те­о­ри­и­те на на­пи­си­те во ме­ди­у­ми­те (пер­и­од пред не­го­ви­те „бом­би“, кои то­гаш сѐ уште се мон­ти­ра­ле) за ек­ску­ри­зи­и­те на чо­ве­кот што во­оп­што не бе­ше поз­нат по експ­ло­зив­ни на­пра­ви, беа де­ка во Гр­ци­ја бил по мон­ти­ра­ни ма­те­ри­ја­ли за опо­нен­ти­те („Ма­ке­дон­ска бан­ка“) или по фи­нан­сии за „ос­ла­бе­на­та“ пар­ти­ја, глад­на за па­ри. Неј­се што со­вре­ме­ни­от Бо­шко Бу­ха рас­по­ла­га со 12 ми­ли­о­ни европ­ски кон­тра­ар­гу­мен­ти. Од се­га­шен ас­пект, пак, по­ве­де­ни од акту­ел­на­та со­стој­ба и стил на ли­дер­ски­те сред­би, ни се на­мет­ну­ва ед­на но­ва те­о­ри­ја – не­кој, слу­чај­но, да не учел пре­го­во­ри кај јуж­ни­от ни со­сед? Ве­чер­на­та, грч­ка шко­ла за одол­жу­ва­ње на ре­ше­ни­е­то ги да­де сво­и­те ре­зул­та­ти. Оде­ње­то пеш не би­ло ба­ди­ја­ла. Еден од опо­зи­ци­ски­те ју­риш­ни­ци, пред­вод­ни­ци на Кан­вас во Ма­ке­до­ни­ја, не­о­дам­на на­пи­ша хим­на во кој го гло­ри­фи­ку­ва­ше ли­де­рот. Во епот за бом­ба­шот, тој на­пи­ша: „За­ев се над­ми­на се­бе­си!“ Тре­ба­ше ли, се­пак, хим­на­та да би­де нас­ло­ве­на ка­ко: „За­ев го над­ми­на Ми­цо­та­кис“. Или Са­ма­рас? Ка­ра­ман­лис? Па­пан­дреу? Из­бе­ре­те са­ми­те.

 

Цр­ве­ни­те ли­нии на За­ев

Ка­ко што ве­лат во Хо­ли­вуд, се­ко­ја слич­ност на дејс­тву­ва­ње­то на СДСМ со ли­ко­ви и дејс­тва од со­седс­тво­то (Гр­ци­ја) е слу­чај­на, но це­ли 24 го­ди­ни сме све­до­ци на на­чи­нот на кој Ати­на ги те­ра пре­го­во­ри­те со Ма­ке­до­ни­ја. Фор­му­ла­та е про­ста. Ед­но­став­но, по­ста­ву­ва­те ма­кси­ма­ли­стич­ки, не­ре­ал­ни ба­ра­ња, при­тоа до­бро зна­еј­ќи од­на­пред де­ка вто­ра­та стра­на не­ма ни­ко­гаш да ги при­фа­ти. Игра­те на вре­ме, оби­ду­вај­ќи се пре­ку не­при­фат­ли­ви­те цр­ве­ни ли­нии да го фа­ти­те про­тив­ни­кот на кон­ди­ци­ја или емо­ции, а во ма­ке­дон­ски­от слу­чај на по­тре­ба­та од евро и од ин­те­гра­ции во НАТО. И во слу­ча­јот на на­деж­ни­от, до­бро истре­ни­ран ли­дер, кар­та­та на ко­ја се игра, слу­чај­но или не, се евро­ин­те­гра­ци­и­те. Пак таа ЕУ, са­мо се­га во но­ва пре­го­ва­рач­ка кон­сте­ла­ци­ја, со СДСМ. Игра­та на опо­зи­ци­ја­та, ко­ја ка­ко и ла­ни, се кр­сти во не­га­ти­вен из­ве­штај на Бри­сел за сопс­тве­на­та зем­ја, не­при­ме­рен чин што ќе ѝ да­де ве­тер во едра­та и ква­зи­ар­гу­мен­ти за на­пад врз вла­ста, про­дол­жу­ва со т.н. пре­го­во­ри, во кои по­ста­ву­ва­ат не­ре­ал­ни ба­ра­ња и из­мис­лу­ва­ат но­ви се­ко­ја ми­ну­та. Цел­та е јас­на. По шла­ка­ни­ци­те од Хан и од Јун­кер, на­стра­на е од еден куп пра­те­ни­ци на ЕП, СДСМ се­га игра на кар­та­та на­ре­че­на вре­ме, ко­ја тре­ба да про­ду­ци­ра но­ва кри­за, ка­ква и да е. Ми­на­та­та по­ми­на, дој­доа и од­мо­ри­те. Сил­но им пре­чи Гру­ев­ски, а по­ра­зот би ги ис­пра­тил во исто­ри­ја­та, но и на дру­ги ме­ста. Ли­де­рот се­га има цр­ве­ни ли­нии што се ви­ка­ат сло­бо­да, а ги над­вис­на­ле суд­ски про­це­си. Мно­жи­на…

 

analiza148-2-2

Окси­мо­рон­ска­та уло­га на ма­ке­дон­ски­от Но­бел

Шту­ри­те ин­фор­ма­ции во и од си­те стра­ни на до­бро и хер­ме­тич­ки за­тво­ре­ни­от пре­го­ва­рач­ки про­цес ме­ѓу ли­де­ри­те на ма­ке­дон­ски­те пар­тии ве­лат де­ка ток­му ова е сти­лот на на­стап на „црп­на­ти­от“ ли­дер. Чо­ве­кот што це­ли­от свој жи­вот ме­ну­ва ма­ска – де Дра­ку­ла, де Ве­ли­ченс­тве­ни­от, па Оган, се­га ин­ди­ка­тив­но ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та со ма­ска­та на Са­му­рај, кој по­ве­ќе ли­че­ше на геј­ша. Но зо­што спа­си­те­лот од Мур­ти­но ток­му оваа го­ди­на ја пре­ки­на дол­го­го­диш­на­та тра­ди­ци­ја на ма­ски­ра­ње на град­ски­от ма­скен­бал? Му тек­на­ло ли ко­неч­но де­ка та­ка по­ли­тич­ки­те опо­нен­ти не мо­ра­ат да пра­ват фо­то­мон­та­жи ко­га го ис­ме­ва­ат или по­ве­ро­јат­но не­мал вре­ме ни­ту да се ма­ски­ра за­тоа што бил дла­бо­ко нав­ле­зен во но­ва­та, си­мул­та­на рол­ја на бом­баш и пре­го­ва­рач, две нес­по­и­ви, окси­мо­рон­ски уло­ги, кои се по­би­ва­ат ед­на со дру­га и ну­дат не­при­ро­ден склоп на дејс­тву­ва­ња, со­се­ма не­при­мер­ни за за­ед­нич­ка ко­ег­зи­стен­ци­ја. А и ма­ска­та би изг­ле­да­ла ло­шо. До­лу бом­ба, а на­го­ре Ке­вин Спеј­си (од фил­мот „Пре­го­ва­рач“). Ло­ги­ка­та е ед­но­став­на, ако е не­по­им­лив мо­мен­тот на че­сен кра­дец и гр­да уба­ви­на, уште по­мал­ку е при­фат­лив чи­нот на акту­ел­ни­от љу­би­тел на експ­ло­зии, кој исто­вре­ме­но глу­ми де­ка се за­ла­га за по­ми­ру­ва­ње и за ком­про­мис. Да­ле­ку од тоа де­ка За­ев ќе ста­не Ал­фред Но­бел, кој по из­мис­лу­ва­ње­то и си­те па­ри од ди­на­ми­тот, соз­да­де сопс­тве­на на­гра­да за мир. Кој знае, мо­же­би во ид­ни­на ќе би­де­ме све­до­ци на не­ка­ква За­е­ва на­гра­да. Иа­ко и се­гаш­ни­от му се­ме­ен „фонд“ е до­во­лен за та­кво не­што. И та­ка, при­ме­рот во Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе е вос­по­ста­вен. Си­те моќ­ни­ци ве­ќе си из­гра­ди­ја цр­кви за про­сту­ва­ње на гре­во­ви­те, а не­кои ги има и на ико­но­ста­сот. Та­ка, ил­јад­ни­ци­те се­мејс­тва, чи­и­што ро­ди­те­ли оста­наа без ра­бо­та, им про­сти­ја, исто ка­ко и Тво­ре­цот. Те­шко…

 

analiza148-2-3

Не пар­тиj­ци­те, ли­де­рот се бо­ри за сло­бо­да­та

По­ста­ву­ва­ње­то не­ре­ал­ни ба­ра­ња на опо­зи­ци­ја­та е сил­но под­др­жа­на од вр­ху­шка­та и око­ли­на­та, ко­ја црп­на­ти­от спа­си­тел ја соз­да­де спо­ред сво­јот лик. И по­тре­би, нор­мал­но. А таа сил­на по­тре­ба, на­ви­сти­на, се ви­ка сло­бо­да. Свес­ни за акту­ел­ни­те реј­тин­зи и уто­пи­ја­та на по­и­мот на­ре­чен из­бор­на по­бе­да, чел­ни­ци­те цвр­сто се др­жат за слам­ка­та, ко­ја, ба­рем за дел од нив, оз­на­чу­ва ви­стин­ски спас. Не са­мо за по­ли­тич­ка­та ка­ри­е­ра­та, ко­ја одам­на од ху­ма­ни при­чи­ни не­кој тре­ба­ло да им ја пре­ки­не, ту­ку и спас за нив­на­та сло­бо­да. Ко­неч­но, опо­зи­ци­ја­та е во пра­во. Се „бо­рат“ за сло­бо­да­та, ла­мен­ти­ра­ат за сло­бо­да­та, има­ат камп на сло­бо­да­та. Сѐ за сло­бо­да­та, но таа на ли­де­рот, кој ве­ќе се со­о­чу­ва со два суд­ски про­це­са. Јас­но е де­ка се че­ка по­че­то­кот на про­це­сот „Пуч“, но и на тој со ми­то од „200.000 евра кај Ви­це­то“, скан­дал што пот­тик­на уште еден гра­ѓа­нин да из­ле­зе и да ка­же за но­во ми­то од „са­мо“ 25.000 евра. На по­ви­док е тој, ве­ќе трет суд­ски спор за об­ви­не­ти­от ли­дер, кој има бо­га­то искус­тво со су­до­ви­те во ме­га­скан­да­лот „Гло­бал“, те­жок осум ми­ли­о­ни евра. Раз­лично е тоа што се­га ќе би­дат три нас­пре­ма еден во слу­чаи, а уште поголема е разликата во пре­тсе­да­те­лот. То­гаш­ни­от, Цр­вен­ков­ски, го ам­не­сти­ра­ше, за по­доц­на да му го пре­да­де и тро­нот. Се­гаш­ни­от, Ива­нов, ве­ќе не­ма ни та­кви ин­ге­рен­ции, ни­ту, пак, во За­ев гле­да свој нас­лед­ник…

 

analiza148-2-4

СДСМ, се­пак, не е Гр­ци­jа

Мно­гу­ми­на ќе се пра­ша­ат што е мо­ти­вот на опо­зи­ци­ја­та во рас­тег­ну­ва­ње­то на пре­го­во­ри­те и не­до­а­ѓа­ње­то до ре­ше­ние за кое при­ти­ска­ат и ЕУ и САД? Од­го­во­рот е по­ве­ќе од ед­но­ста­вен и се ви­ка из­бо­ри. Ве­ќе е очиг­лед­но де­ка СДСМ бо­ле­ду­ва од из­бо­ро­фо­би­ја, ен­дем­ска бо­лест на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, ко­ја ре­зул­ти­ра со па­ни­чен страв и сил­но воз­див­ну­ва­ње при са­мо­то спо­ме­ну­ва­ње на овој збор. Свес­но­ста за рас­по­ре­дот на си­ли­те кај гла­са­чи­те и, уште по­ве­ќе, за по­ли­тич­ки­от ам­бис што зјае под нив во слу­чај на из­вес­ни­от по­раз, ги те­ра на очај­нич­ка игра, ко­ја зна­чи сè са­мо не и при­фа­ќа­ње из­бо­ри во ро­кот под­др­жан и од Бри­сел и Ва­шин­гтон.

Ка­ко и прес-кон­фе­рен­ци­ја­та за об­ја­ву­ва­ње­то на „Пуч“ со ко­ја пре­ми­е­рот Гру­ев­ски со актив­на уло­га ги пре­стиг­не во об­ја­ву­ва­ње­то на пе­тар­до­ид­ни­те „бом­би“, и се­га вла­ста го на­пра­ви пр­ви­от че­кор со при­фа­ќа­ње­то на ре­фор­ми­те про­из­ле­зе­ни од зак­лу­чо­ци­те на ЕУ. Ток­му вла­ста по­ну­ди и прв ком­про­мис за су­пер­ви­зи­ја, ко­ја глад­ни­те ме­ди­ум­ски опо­зи­ци­ски ко­ко­шки го раз­браа ка­ко от­ста­пу­ва­ње на мин­си­тер­ски­те ме­ста. Или, се­пак, раз­браа ама ка­ко и се­ко­гаш ја из­вр­теа при­ка­ска­та. Ба­ди­ја­ла. Од ед­на стра­на Евро­пеј­ци­те и Аме­ри­кан­ци­те до­бро зна­ат што зна­чи збо­рот ком­про­мис, а од дру­га, пак, и СДСМ не е Гр­ци­ја. Иа­ко е во те­шка, ре­чи­си 10-го­диш­на еко­ном­ска кри­за од ко­ја стра­да не­вра­бо­те­но­то членс­тво. Вр­ху­шка­та, пак, не­ма проб­лем со па­ри­те. Тие са­мо са­ка­ат власт. И сло­бо­да. Не за­твор…

 

Aco-Stankovski-2_190x120Стан­ков­ски: Го­ле­ма ко­ме­ди­ја од на­дре­а­ли­стич­ка про­ви­ни­ен­ци­ја

За не­бу­лоз­но­ста на опо­зи­ци­ско­то дејс­тву­ва­ње пи­шу­ва­ше и умет­ни­кот Ацо Стан­ков­ски, кој не мо­же­ше да се из­на­чу­ди и на сли­ка­та на Че Ге­ва­ра ста­ве­на вед­наш до аме­ри­кан­ско­то зна­ме во кам­пот пред вла­да. Го пра­шав­ме, ка­ко го тол­ку­ва овој стил на пре­го­во­ри на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, кој во мно­гу ра­бо­ти ли­чи на сти­лот на пре­го­во­ри на­мет­нат од на­ши­от ју­жен со­сед?

Станковски: Гле­дам де­ка се­то тоа е са­мо ед­на го­ле­ма ко­ме­ди­ја од на­дре­а­ли­стич­ка про­ви­ни­ен­ци­ја. Мис­лам де­ка ре­ал­на кри­за не­ма за­тоа што опо­зи­ци­ја­та не­ма ни­ка­ква моќ. Има са­мо др­скост и лу­ди­ло кај нив, но за тоа прав­на­та др­жа­ва има ка­па­ци­те­ти и тие проб­ле­ми мо­же да ги ре­ши во рок од не­кол­ку ча­са. Всуш­ност, це­ла­та по­ли­тич­ка кри­за во Ма­ке­до­ни­ја е све­де­на на со­о­бра­ќај­на кри­за, ка­де што гру­па др­ски гра­ѓа­ни, на­ру­шу­вај­ќи го за­ко­нот за сло­бод­но дви­же­ње на ма­ке­дон­ски­те др­жав­ја­ни во глав­ни­от град, го узур­пи­ра­ат по­че­то­кот на бу­ле­ва­рот Илин­ден­ска пред вла­да­та, соз­да­вај­ќи не­прин­ци­пи­ел­на и не­ле­гал­на оку­па­ци­ска зо­на на не­о­дре­ден и не­де­фи­ни­ран оку­па­тор. Всуш­ност, гос­по­ди­нот шеф на опо­зи­ци­ја­та сфа­тил ед­на го­ле­ма ви­сти­на – де­ка ганг­стер­ски­те ме­то­ди се ле­ги­тим­ни во свет­ска­та по­ли­ти­ка, а мо­же­би и со тие ме­то­ди им се за­ка­нил на одре­де­ни ви­со­ки по­ли­ти­ча­ри од Уни­ја­та, што го­во­ри за не­го­ви­от гла­вен спон­зор и ме­це­на. Ви­стин­ски­от ма­ни­пу­ла­тор во свет­ска­та по­ли­ти­ка, кој гу­би на си­те фрон­то­ви и се оби­ду­ва со за­ка­ни и уце­ни да ја одр­жи сво­ја­та моќ и су­пе­ри­ор­ност, а, всуш­ност, е са­мо ти­гар од хар­ти­ја. Кри­за де фа­кто не­ма, за­што псев­до­ре­во­лу­ци­о­не­ри­те не­ма­ат ни­ка­ква моќ.

По уни­шту­ва­ње­то на бан­да­та те­ро­ри­сти во Ку­ма­но­во од стра­на на на­ши­те ле­ги­тим­ни бра­ни­те­ли, ре­ал­но е ста­ве­на точ­ка на таа кри­за. Дру­ги­те свет­ски кри­зи што на­и­ду­ва­ат ка­ко бе­гал­ци­те од за­во­ју­ва­ни­те де­ло­ви на Ази­ја и на Афри­ка, пос­лед­ни­от те­ро­ри­стич­ки бран на ИСИЛ, ка­ко и грч­ка­та долж­нич­ка кри­за со­се­ма ја на­ма­лу­ва на ми­ни­мум т.н. ма­ке­дон­ска кри­за и се­га на ред е ма­ке­дон­ска­та вла­да. Со не­кол­ку пре­циз­ни по­те­зи, прав­ни и по­ли­тич­ки, на оваа кри­за да ѝ се ста­ви крај и де ју­ре. Опо­зи­ци­ја­та ни­ту са­ка на из­бо­ри, ни­ту има ка­па­ци­тет за во­о­ру­же­на ак­ци­ја. Тие се со­се­ма исфр­ле­ни од игра на си­те мож­ни ни­воа и се­га са­мо про­па­ган­ди­стич­ки ја одр­жу­ва­ат фа­ма­та за оваа т.н. кри­за. Ту­ри­сти­те до­а­ѓа­ат по­ве­ќе од ко­га би­ло до­се­га, ком­па­ни­и­те по­втор­но ин­ве­сти­ра­ат ка­ко и по­ра­но. Тоа се ре­ал­ни зна­ци де­ка ве­ќе не­ма кри­за во Ма­ке­до­ни­ја. Оста­ну­ва са­мо над­леж­ни­те да го со­бе­рат тоа ѓу­бре и, ко­неч­но, да по­чув­ству­ва­ме ре­ла­кса­ци­ја на си­те ни­воа.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 148. број на неделникот „Република“, 3.07.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top