Македонската радио-телевизија ќе ги пренесува директно двата натпревари меѓу нашиот првак Вардар и шампионот на Кипар, АПОЕЛ, во квалификациите за Лигата на шампионите.
Националниот сервис ги откупи правата за двата меча, па македонската спортска јавност ќе може да ги следи во живо преку МТВ и случувањата на првиот меч, кој се игра во вторник, на 14 јули, од 19 часот во Никозија.
Реваншот е закажан за 21 јули, со почеток во 20 часот, на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Експедицијата на Вардар в недела патува за Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.