Шпанскиот прволигаш Валенсија во текот на следната недела официјално ќе испрати понуда за играчот на Челси, Колумбиецот Хуан Квадрадо.
Менаџерот на Челси Жозе Мурињо по само шест месеци одлучи дека Квадрадо не му е потребен за следната сезона и го стави на трансфер листата.
Квадрадо дојде во таборот на „сините“ од Лондон во јануари од редовите на Фиорентина за 32 милиони евра и не се снајде најдобро на „Стенфорд бриџ“.
Цената на Квадардо по лошата сезона драстично е намалена и сега изнесува околу 20 милиони евра. Валенсија се очекува да испрати понуда околу 19 милиони, и да го доведе одличниот играч од средината на теренот на „Местаља“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.