| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ го отпушти тренерот

Српската тенисерка Ана Ивановиќ го заврши настапот на третиот грен-слем оваа сезона Вимблдон, неочекувано во раната фаза. Цехот за неуспехот го плати нејзиниот кондиционен тренер Златко Новковиќ по враќањето од Лондон сметајќи дека таа не била доволно подготвена за неофијиланото светско првенство во тенис. Претходно, Ана Ивановиќ се раздели и со тренерот Немања Контиќ.

Овие двајца млади тениски стручњаци Ана Ивановиќ ги ангажира пред две години токму по Вимблдон, кога ја прекина соработката со Британецот Најџел Сирс. Очигледно дека секогаш после поразите на Вимблдон, српската тенисерка се обидува вината да ја префрли на тренерскиот тим и отпочнува да работи со нов стратег.
Во следниот период се очекува Ивановиќ да ангажира нов стратег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top