| четврток, 6 декември 2018 |

Един Џеко е пред трансфер во Рома

Босанскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити, Един Џеко е пред трансфер во Рома откако ги договорил личните услови со клубот од Рим.
Како што јавуваат медиумите од Англија се очекува во текот на следната недела двата клуба да ја договорат и цената за откуп на Џеко.
Во наредните неколку денови се очекува „волчицата“ да упати официјална понуда и до Манчестер сити. „Граѓаните“ бараат отштета од 20 милиони евра за Един Џеко, но најавите велат дека би попуштиле и уште 2 милиони евра при евентуалната продажба. Сепак, постои можност Џко да замине и како позајмен играч во редовите на Рома за следната сезона, со опција за понатамошно откупување на договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top