Откако лутиот градски ривал Галатасарај го официјализираше трансферот на Лукас Подолски, Фенербахче одговори со иста мера.
Денеска потпиша четири годишен договор го холандскиот репрезентативец Робин Ван Перси. По очајната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед се погласни беа шпекулациите дека Ван Перси ќе си замине од редовите на „црвените ѓаволи“ што и се случи.
Најблиску до потписот на Ван Перси беше Бешикташ, но преговорите пропаднаа поради должината на договорот кој го нудеше турскиот клуб. Тоа го искористи Фенербахче кој беше единствениот клуб кој му понуди на напаѓачот пет милиони евра по сезона.
Голгетерот ќе биде второто големо засилување на Фенербахче за новата сезона, по договорениот трансфер на Португалецот Нани, кој доаѓа во Истанбул исто така од редовите на Манчестер јунајтед, по една сезона мината на позајмица во Спортинг Лисабон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.