На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, Агенцијата за вработување и Центарот за вработување од Прилеп го претставија владиниот проект „Македонија вработува“. Преку флаери и детални објаснувања, на прилепчани им беше целосно претставен овој голем проект.
Според директорката на прилепскиот Центар за вработување Силвана Пашоска, проектот привлече огромен интерес меѓу прилепчани.
– Во Прилеп се повеќе од задоволителни резултатите од владиниот проект „Македонија вработува“. Досега имаме вклучено 126 фирми и има веќе 200 вработувања. Интересот е многу голем, изјави Пашоска.
Во Центарот за вработување има тимови, кои, како што рече таа, постојано се на терен, ги информираат работодавците и невработените лица.
– Проектот е прифатен од двете страни. Има поволни можности за сите категории невработени, посебно за повозрасните со многу поволности. Очекуваме со овој проект драстично да се намали невработеноста во Прилеп, вели Пашоска.
Со владините проекти за вработување од 2007 година во Прилеп невработеноста се намалила од 24.900 на околу 15.000 лица
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.