Лубеницата може да ви помогне за брзо време да ги симнете вишокот на килограми додека уживате во слаткиот и освежителен вкус.
Диетата со лубеница најдобро е да трае од 9 до 13 дена, но постои и забрзана детоксикација која трае 5 дена. Ако се одлучите за подолгиот план, тој ќе се состои од 2 фази: првите 3 дена се јаде само лубеница, а во втората фаза се додаваат останати намирници, додека пак лубеницата се јаде како ужина.
Втората фаза не е рестриктивна како првата и може да трае од 6 до 10 дена, но не содржи премногу намирници.
Мени за прв ден:
- Појадок: парче лубеница, чаша кафе или зелен чај
- Ручек: 150 г. немасно говедско месо, 150 г. варен ориз, парче лубеница
- Вечера: 100 г. свежо кравјо сирење, парче интегрален леб, парче лубеница
Мени за втор ден:
- Појадок: парче лубеница, чаша кафе или зелен чај
- Ручек: 100 г. варени пилешки гради, парче ржен леб, парче лубеница
- Вечера: 100 г. риба на скара, 100 г. варен ориз, парче лубеница
Мени за трет ден:
- Појадок: парче лубеница, парче тост, чаша кафе или зелен чај
- Ручек: 50 г. тестенини со сос од домати, 3 парчиња лубеница
- Вечера: Салата од зеленчук, неограничени колични на лубеница
Мени за четврти ден:
- Појадок: 2 парчиња лубеница
- Ручек: Супа од брокола, парче ржен леб, 2 парчиња лубеница
- Вечера: 3 компири средна големина печени во рерна, 2 парчиња лубеница
Мени за петти ден:
- Појадок: 3 парчиња лубеница
- Ручек: 150 г. немасно говедско месо, неограничени количини на лубеница
- Вечера: Парче ржен леб, 100g кравјо сирење, 3 парчиња лубеница
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.