Новиот документарен филм за прерано починатата Ејми Вајнхаус со наслов „Ејми“ посочува неколкумина за смртта на пејачката.
Филмот на интимен начин го опишува животот на Ејми, талентирана пејачка и напатена душа. Овој документарец е потсетник за тоа колку е тешко да се водат лични битки пред целиот свет. Во филмот има и неколку домашни и архивски снимки кои ги направиле нејзините пријатели, потоа снимки од телевизија и од папараци, како и интервјуа со некои луѓе кои биле крај Ејми додека минувала низ различни фази – од метеорски успех до шокантен пад.
Таткото на Ејми, Мич Вајнхаус го осуди режисерот и продуцентите на филмот, тврдејќи дека не е веродостојни прикажан животот на пејачката. Во документарецот се гледа дека Мич тврдел оти не е неопходно Ејми да оди на клиника за одвикнување од алкохол иако нејзиниот продуцент инсистирал.
Филмот говори и за нашата вина – културата која со огромна желба ја следела Вајнхаус, секоја нејзина снимка, фотографија и приказна на која се гледа пропаѓањето на Ејми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)