| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ја уби Ејми Вајнхаус? (видео)

Новиот документарен филм за прерано починатата Ејми Вајнхаус со наслов „Ејми“ посочува неколкумина за смртта на пејачката.

еми вајнхаус

Филмот на интимен начин го опишува животот на Ејми, талентирана пејачка и напатена душа. Овој документарец е потсетник за тоа колку е тешко да се водат лични битки пред целиот свет. Во филмот има и неколку домашни и архивски снимки кои ги направиле нејзините пријатели, потоа снимки од телевизија и од папараци, како и интервјуа со некои луѓе кои биле крај Ејми додека минувала низ различни фази – од метеорски успех до шокантен пад.

Таткото на Ејми, Мич Вајнхаус го осуди режисерот и продуцентите на филмот, тврдејќи дека не е веродостојни прикажан животот на пејачката. Во документарецот се гледа дека Мич тврдел оти не е неопходно Ејми да оди на клиника за одвикнување од алкохол иако нејзиниот продуцент инсистирал.

Филмот говори и за нашата вина – културата која со огромна желба ја следела Вајнхаус, секоја нејзина снимка, фотографија и приказна на која се гледа пропаѓањето на Ејми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top