| четврток, 6 декември 2018 |

Од Центарот за безбедност на Црна Гора украдени 20 снајпери и муниција

муни

Од полициски магацин во зграда во која претходно бил Центарот за безбедност во Подгорица се украдени 30 снајпери како и значителна количина муниција, потврдија во МВР на Црна Гора.

Инспекторите привеле на информативен разговор повеќе свои колеги како и магационери кои имале клучеви. Засега никој не е официјално осомничен.

Полицијата смета дека пушките, кои, освен снајпер, имале и придушувачи, завршиле на илегалниот пазар.

– По преселувањето на ЦБ во Подгорица во нови простории во Управата на полицијата, дел од оружјето останало во магацинот. Таму имало пушки со снајпери и придушувачи, како и околу 10.000 парчиња разна муниција – изјави за Дан, соговорник од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top