| четврток, 6 декември 2018 |

Цариник случајно открил: Камионџија пријавил колачи, а пренесувал оружје за трета светска војна (ФОТО)

muni

На граничниот премин „Градина“ српските цариници спречиле обид за шверц на големо количество оружје и муниција, сокриени во камион, јави „Танјуг“.

Како што се наведува во соооштението на Царинската управа, ноќеска биле откриени вкупно 80 цевки за воздушна пушка „гризли 83-2“ со калибар од 5,5 милиметри и „гризли стрикер“ со калибар од 4,5 милиметри, 80 кундаци за пушка, 10 гасни пиштоли „зораки“ со калибар од 9 милиметри, 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол, како и 70 оптички нишани.
gasni-pistolji1

Оружјето е откриено во камион со регистерски таблички од Нови Пазар, со кој управувал возач (27) од Крушевац, а со него се превезувале кондиторски производи од Турција за Црна Гора.

На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто за пријавување за царинска контрола освен стоката што ја транспортира, возачот одговорил негативно, а камионот потоа бил упатен на контрола на мобилен скенер, па благодарение на овој уред биле воочени неправилностите во задниот дел од товарниот простор на приколката на камионот.

cevi-za-puske

Цариниците спровеле детална контрола врз камионот и во кабината прво биле откриени дел од непријавената стока, 70 оптички нишани, 18 цевки за воздудшна пушка и 10 дрвени кундаци за пушка, што биле скриени во креветот и во касетите над контролната табла.

Потоа следел и детален преглед на стоката во приколката, каде прво било пронајдено местото каде било пресечено, па повторно залепено царинското јаже.

nisan

Во задниот дел од приколката, како што и покажала снимката од скенерот, биле откриени уште 10 гасни пиштоли, 10 пластични кундаци за пушка, 60 дрвени кундаци за пушка, 62 цевки за воздушна пушка и 4.000 парчиња муниција за гасен пиштол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top