| четврток, 6 декември 2018 |

Поштенска пратка со муниција откриена на московскиот аеродром „Внуково“

aerodrom_london-640x376

Руската поштенска служба на московскиот аеродром „Внуково“ откри пратка со муниција, наменета за носење во северниот град Норилск, јави прес службата на рускиот поштенски оператор, цитирана од ТАСС.

-При проверка на поштенскиот багаж со помош на специјална скенер опрема службениците од одделот за превоз на пошта, заедно со службата за воздухопловна безбедност, во пратка од Москва за Норилск открија муниција за сигнален пиштол, како и обвивка за граната, рече портпаролот на прес службата.

Пакетот е конфискуван, а на местото на пронаоѓање на сомнителната пратка повикани се службеници на истражните органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top