| четврток, 6 декември 2018 |

Муниција, бомби и гранати пронајдени во подрум во Чаир

Вчера во 15:22 часот во ЕИК-Скопје пријавено е дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир, пронајдени биле две кофи  полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top