Ракометарот Гоце Ојлевски, македонското репрезентативно крило, ќе ја продолжи кариерата во романскиот шампион Одорхеи.
По доаѓањето на Ојлевски во романскиот клуб, Македонија повторно ќе има тројца ракометари во овој клуб. Капитен на тимот е Горан Кузаманоски, а на десната бековска позиција игра Лазе Мајнов. До минатата сезона дресот на Одорхеи го носеше и Мите Стоилов на кого му истече договорот.
Ојлески со Одорхеи потпиша договор на една година со можност соработката да биде продолжена и за наредната сезона.
Ова е прв клуб во странство за кој ќе настапува македонскиот репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Егзодус на белите мантили од Македонија: Вкупно 110 лекари заминале од државата за само четири месеци
-
За оние кои бараат работа во странство: Во овие земји најлсено може да се најде
-
Атлетико Мадрид стравува за Облак, ПСЖ се подготвува да го направи најскап голман!
-
Сантос си ги бара парите од трансферот на Нејмар во ПСЖ