| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанската полиција разби наркомрежа составена од поранешни српски војници

­ Шпанската полиција соопшти дека запленила повеќе од три тони кокаин и разбила голема меѓународна мрежа за илегална трговија со наркотици, чиј лидер живеел во Мадрид и се претставувал за фудбалски агент, кој барал млади таленти.

spanija

Шпанската полиција не го открива идентитетот на водачот на бандата, но тврди дека тој создал мрежа од поранешни српски војници, кои доставувале кокаин од Јужна Америка во Европа. Криминалната група користела компании во Шпанија и во Португалија за перење на пари од наркотиците.

Во домот на наркобосот полицијата пронашла 773.000 евра.

Портпаролката на полицијата денеска соопшти дека водачот на групата и 68 нејзини членови се уапсени последните месеци во Шпанија, во Португалија, во Хрватска, во Црна Гора и во Србија, како резултат на двегодишната истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top