| четврток, 6 декември 2018 |

„Групирањето“ на радикалните исламисти во затворите е потенцијална опасност

radikalni islamistiГенералната контролорка на затворите во Франција, Аделин Азан, се спротиставува на „групирањето“ на радикалните исламисти во затворските институции бидејќи, според неа, тоа може да биде „потенцијално опасна“ мерка.

По нападите во Париз во јануари, францускиот премиер Мануел Валс донесе одлуката затворените радиклани исламисти да се групираат во посебни затворски зони, како продолжение на експериментот спроведен во затворот „Фресн“ во октомври 2014 година. Ваквата мерка, според Валс, е преземна со цел за да се избегне радикално верско преобратување и промовирање на радикалниот ислам меѓу затворниците, како и да се обебзеди посебна грижа за веќе радикализираните лица.

Контролорите на француските затвори од јануари до април посетиле четири затворски установи во регионот на Париз – Фресн, Ро, Осни и Буа Арси, каде што беше воведено групирање на затворените исламисти. Тие ги интервјуираа директорите, чувари, затвореници, но, исто така и судии, правници, социолози и членови на разузнавачките служби.

Во своите заклучоци, генералната контролорка смета дека „групирањето на радикализираните затвореници претставува ризик кој веројатно не бил земен предвид, имајќи го предвид соживот на затворениците кои се на различни нивоа во процесот на радикализацијата“.

– Ако навистина сакаме да ги одделиме од другите затвореници, треба да изградиме свое „Гвантанамо“. Дали е тоа она што го сакате? – нагласува Азан.

Контролорката на затворите смета исто така е „сомнителен“ и единствениот критериум на осуда за терористичките акти што се применува во Фресн, каде што 22 лица веќе се изолирани.

Овој критериум „не ги зема предвид случаите на други лица притворени поради други причини, кои со поголема веројатност се вклучени во кривичното дело“, вели Азан.

Од 2014 година однесувањето на затворениците исламисти е променето, бидејќи им се дадени упаства да „ги прикриваат и да не ги носат видливите знаци на фундаментализмот“, се вели во извештајот.

– Искуството од Фресн не покажува дека оваа нова практика има смирувачки ефект на остатокот од затворот. Спротивно на тоа, најголемиот број од лицата кои беа групирани изразија стравување дека ќе бидат трајно обележани како исламски радикали и дека не можат да се ослободат од влијанието на другите затвореници, вели контролорот.

Друг ефект предизвикан од овие групирања во регионот на Париз е отсекувањето на врските на затворениците со нивните семејства кои според сите експерти имаат важна улога во убедувањето „за промена курсот“.

Така, наместо групирање, многу засегнати страни кои работата во затворите и со затворениците се залагаат за „дисперзија“, опција која претходно е избрана во Велика Британија и во Белгија, додава контролорката.

Меѓу другите критики, Азан го осудува „отсуството на јасна правна рамка“ на новиот режим, кој не може да биде “ниту еден од вообичаените“. Таа изразува жалење и поради отсуството на „специјална обука“” за персоналот на тие единици.

На крајот Азан бара „да се размисли и да се започне да се работи на заштита на младите луѓе кои се враќаат од конфликтните зони“.

– Затворањето (можеби) не би бил најдобриот модалитет за феноменот од кој се погодени повеќе стотици лица на различни степени на посветеност, заклучува контролорката во својот извештај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top