Извори од опозицискиот камп најавуваат радикализација на протестите пред Владата на Република Македонија. Тие велат дека како што ближи периодот во кој воздухот над жешкиот асфалт во Скопје ќе е преку 40 степени, тие се подготвени да се жртвуваат и да се упатат во камперски егзил на непријателска територија – во Грција.
Владата на Ципрас е непријателска, велат од опозицискиот камп, бидејќи неодамна грчкото и нашето МНР потпишаа договор за соработка, па секој странски политичар кој го признава легитимитетот на владата на Никола Груевски е или вмровец или вмровски платеник.
Опозициските кампери планираат да радикализираат протести што ќе штрајкуваат со бањање во море некаде на краците на Халкидики, делувајќи против својата искрена желба да останат на врелиот асфалт пред влада за да покажат колку се истрајни во отпорот кон Груевски.
„Ако не даде оставка откако ќе види дека се бањаме во море, а не по станови на другарите опозиционери, ќе започнеме да го продолжуваме нашиот престој во вода по 10 минути секој ден, сѐ додека не дојдеме до период во кој во море ќе влегуваме наутро во 8 часот и нема да излегуваме од вода до ручек!“, велат ангажираните камперски револуционери.
Неофицијално, заради одржување форма, можно е да бидат објавени неколку бомби во периодот јули-август кои е планирано да се пуштаат во кафуле во Калитеа, како збирно место на сите отпораши во текот на летниот период. Бомбите, велат наши извори, веројатно ќе бидат поврзани со преговорите за името на Македонија за да се види кој во Македонија е патриот, а кој не е.
Одморот прв го најави Бранко Героски кој јули го прогласи за тивок месец во кој нема да пишува колумни и текстови во „Слободен печат“ и на „Плус инфо“.
По летниот одмор непокорливите борци за вистината и демократијата најавуваат дека отпорот ќе продолжи, барем до новогодишните празници.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.