Пратеничката во Бундестагот, Севим Дагделен, која припаѓа на партијата на крајната левица Ди линке изнесе тешки обвинувања на сметка на властите во Косово и УЧК, а нејзиниот говор во Бундестагот беше неколку пати прекинуван со бурни аплаузи.
Пратеничката говорејќи на 19 јуни на седницата на Бундестагот за барањето на германската влада и НАТО да се одобрат нови 45 милиони евра за германскиот контингент на КФОР на Косово за уште една година, рекла дека Бундесвер е присутен на Косово 16 години а ниту една цел не е остварена.
– Целата влада на Косово ја сочинуваат припадници на поранешна УЧК. Во сенка на германскиот тенк оваа обновена теростички организација ги покрива со тероризам и соседните земји како што е Македонија. Припадници на УЧК кои неодамна загинаа во Македонија, на Косово беа погребани како херои, на гробиштата на мачениците во присуство на високи официјални државници – рекла пратеничката Дагделен и истакнала дека Косово станал регион во Европа од каде заминуваат најголем број на борци за ИСИС.
– Се регрутираат пред очите на НАТО и војската која ние таму ја испративме. Мислам дека Германија не може да продолжи со поддршка на големоалбанскиот национализам, УЧК и терористичките центри кои на Косово, во регионот и на Блискиот Исток носат насилство и терор. Косово стана склад со оружје во Европа, таму системот длабоко е корумпиран, а стотина илјади Срби, Роми и други малцинства мораа да го напуштат регионот – истакнала Дагделен.
Таа потсетила на изјавата на поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер дека бомбардирањето на Југославија било незаконско.
– Јас ве прашувам кои последици вие ги извлековте од оваа изјава. Бундесвер е на Косово како резултат на кршење на меѓународното право, а политиката на Германија таму никогаш не била неутрална. Не ни се потребни германски војници на Балканот кои ќе освојуваат карпи и ќе штитат кршење на меѓународно право. Ни треба враќање на меѓународното право затоа што само тоа може да биде основ за мирен соживот во Европа, изјави пратеничката и додала дека земјите од ЕУ, кои не ја признале независноста на Косово, треба да ја предупредат германската влада на кршењето на меѓународното право.
Говорот на Севим Дегделен повеќе пати бил прекинува со аплаузи на пратениците од левицата. Партијата има 64 пратеници во германскиот Бундестаг од вклупно 631.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба